СЗО ја попречува истрагата на италијанското здравство?

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанскиот обвинител ја обвини Светската здравствена организација (СЗО) за попречување на истрагата за наводите според кои Италија не се подготвила соодветно за пандемијата на коронавирус, пренесува „Танјуг“.

Обвинителите во Бергамо, епицентарот на смртоносната епидемија на ковид-19 во 2020 година, исто така, ги испитуваат тврдењата дека официјални лица на СЗО му помогнале на италијанското Министерство за здравство да ги прикрие наводните грешки, пренесува „Ројтерс“.

Портпаролот на СЗО Кристијан Линдмаер негираше дека агенцијата на Обединетите нации ја попречува правдата.

Случајот ја истакна загриженоста во врска со здравствениот менаџмент во Италија и покрена прашања за тоа дали СЗО може да биде подложен на притисок од земјите-членки дека потиснува потенцијално штетни информации.

Скоро 116.000 луѓе починаа од ковид-19 во Италија, втора најголема бројка во Европа по Велика Британија, а земјата сè уште бележи стотици смртни случаи секој ден.

Слични содржини