СЗО: Мајмунските сипаници оставаат најтешки последици во Африка

од Stefanija Kuzmanovska

Комитетот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација (СЗО) ќе се состане денеска за да размисли по втор пат во последните неколку недели дали епидемијата на мајмунски сипаници да се прогласи за глобална вонредна состојба.

Некои научници истакнуваат дека поради впечатливите разлики меѓу епидемиите во Африка и развиените земји, ситуацијата со мајмуните сипаници не може да се окарактеризира како глобална криза, пренесува АП.

Африканските власти посочуваат дека епидемијата на тој континент веќе бара преземање ригорозни мерки, а експерти од другите делови на светот наведуваат дека блага варијанта на мајмунски сипаници е присутна во Европа, Северна Америка и другите континенти и дека нема потреба за тоа во овие региони.

Слични содржини