СЗО: Милион нови инфекции во Европа минатата недела

од Vladimir Zorba

Минатата недела во Европа се пријавени еден милион нови случаи на коронавирус, што претставува зголемување за девет проценти во однос на претходната недела и пресврт со кој заврши шестнеделниот пад, според Светската здравствена организација (СЗО).

Меѓу погодените места е и предградието Болате во Милано, каде вирусот ги зафати градинка и основно училиште со застрашувачка брзина. За само неколку дена, 45 деца и 14 членови на персоналот беа позитивни на новиот вид коронавирус.

Генетската анализа потврди дека станува збор за исклучително заразна варијанта која за прв пат беше идентификувана во Велика Британија кон крајот на минатата година. Ненадејниот бран доведува до нови ограничувања низ целиот континент.

Д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, рече дека ширењето на варијанти на коронавируси се зголемува затоа што се отвораат општествата, но не на безбеден и контролиран начин.

Британската варијанта значително се шири во 27 европски земји кои ги следи СЗО и доминира во најмалку 10, вклучувајќи ги Велика Британија, Данска, Италија, Ирска, Германија, Франција, Холандија, Израел, Шпанија и Португалија.

Слични содржини