СЗО: Мораториум на третата доза на вакцини

од Nikola Popovski

Светската здравствена организација (СЗО) денеска повика на мораториум за давање трета, таканаречена засилувачка доза, вакцина против Ковид-19, барем до крајот на септември, со цел да се овозможи барем 10 проценти од населението на секоја земја да да се вакцинираат, пренесува Ројтерс.

„Разбирам дека сите влади сакаат да го заштитат својот народ од делта сојот, но, не можеме да прифатиме дека земјите што веќе ги користеле повеќето глобално достапни вакцини, да користат уште повеќе “, рече директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Високо развиените земји дадоа околу 50 дози на 100 жители во мај, и тој број двојно се зголеми од тогаш, според податоците на СЗО.

Во исто време, во неразвиените земји, поради недостапноста на вакцините и недостатокот на резерви, се администрираа во просек една и пол дози на 100 жители.

Слични содржини