СЗО: Можен е уште еден бран на заразени од коронавирус

од Vladimir Zorba

Светската здравствена организација предупреди дека е можно светот да се соочи со нов врв на епидемијата на коронавирус.

Како што рече на една прес-конференција еден од директорите на СЗО, Мајкл Рајан, вирусот сè уште е присутен во многу земји, па затоа е можно да се очекува зголемување на бројот на заразени лица, особено затоа што претходно воведените рестриктивни мерки веќе се олеснуваат.

– Треба да бидеме свесни за фактот дека оваа болест може да се рашири во секое време. Не можеме да претпоставиме дека само затоа што болеста е во надолна траекторија, таа ќе продолжи да опаѓа и дека ќе имаме неколку месеци да се подготвиме за следниот бран. Втор врв во овој бран може да се случи, предупреди претставникот на СЗО.

Рајан исто така рече дека земјите во Европа и Америка треба да продолжат со мерките на социјална и здравствена заштита, надзор и сеопфатно тестирање со цел да се зачува трендот на намалување. Тој ја повтори позицијата на повеќето светски експерти дека вториот бран на коронавирусот е неизбежност за која светот мора да се подготви.

– Кога класично зборуваме за вториот бран, честопати значи дека тоа е првиот бран на болеста што се појавува неколку месеци подоцна. Тоа ќе биде реалност за многу земји во наредните неколку месеци, истакна Рајан.

Слични содржини