СЗО: Најмалку 115.000 здравствени работници починаа од ковид-19

од Stefanija Kuzmanovska

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреизус, рече дека најмалку 115.000 здравствени работници ги загубиле животите во борбата против коронавирусот.

„Веќе 18 месеци здравствените работници и негувателите ширум светот стојат меѓу животот и смртта. Тие спасија безброј животи“, рече тој на седницата на Светското здравствено собрание (ДСА), највисокото тело на СЗО, во Женева.

Тој посочи дека голем број здравствени работници, додека ја вршеле својата работа, биле заразени со коронавирусот ширум светот, пренесува Анадолија.

Гебреизус рече дека се проценува дека најмалку 115.000 здравствени работници, кои се грижат за другите, платиле со своите животи.

Слични содржини