СЗО: Не е време за ублажување на мерките

од Stefanija Kuzmanovska

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, денеска предупреди за опасност од предвремено ублажување на мерките преземени за борба против коронавирусот.

„Сега не е време да ги ублажиме мерките“, рече тој на онлајн конференцијата за печат.

Поголемиот број на информации за Ковид 19 и позитивниот развој во некои држави, сè уште не значи дека вирусот е победен, истакна Клуге.

„Сè уште е долг патот пред нас во овој маратон“, вели тој, додавајќи дека ниту една земја не може сама да го сопре ниту да се избори против коронавирусот, туку таа борба, вели тој, мора да биде меѓународно усогласена.

Слични содржини