СЗО НЕ ГИ ПОДДРЖУВА КОВИД ПАСОШИТЕ? Открија што е критично во врска со нив

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација не сакаше денес да издаде препорака дека доказот за вакцинација против коронавирус или имунитет треба да биде услов за меѓународно патување.

На панелот на независни експерти, СЗО оцени дека постојат „критички непознати“ дали таквата состојба е ефективна во намалувањето на преносот на инфекцијата, пренесува „Ројтерс“.

Панелот ги повика земјите да ги следат новите видови на вирусот, како што се оние во Велика Британија и Јужна Африка, за да се процени ефикасноста на вакцините, лековите и дијагностичките тестови.

Слични содржини