СЗО не знае дали микропластиката е штетна за човекот

од desk4

Речиси секој дел од нашето опкружување е под влијание на човечката љубов кон пластиката.


Пластичните микрочестички врнат во вечно замрзнатите региони на Земјата, воздухот во
градовите (и не само) е полн со нив, со загаденост што веќе се протега од падините на Алпите до
длабочините на Маријанскиот ров.

Сепак, во една од своите најнови извештаи за оваа проблематика, Светската здравствена
организација тврди дека не е познато дали микропластиката е штетна за луѓето, но укажува на
огромни „потенцијални ризици“.

За сите е добро познат факт дека внесуваме голем број микроскопски честички од пластика со
водата, воздухот и храната што ја земаме.

Сепак, СЗО сè уште нема конкретно истражување што ги идентификува ризиците по здравјето.
Сепак, организацијата повикува на итни и големи тестови во оваа област.

Во извештајот на СЗО се открива дека микроплатичните честички можат лесно да минуваат низ
нашиот тракт за храна, но не знаеме дали некои од најмалите честички се апсорбираат во цревата
и желудникот.

Еден од најголемите ризици во моментов се споменува е ингестија на бактерии и други
микроорганизми прикачени на пластични честички.

Во секој случај, сепак, ризиците се многу поголеми и допрва треба да се идентификуваат. Дотогаш,
можеме само да продолжиме да пиеме и да дишеме пластика, со надеж дека последиците нема да
бидат фатални.

Слични содржини