СЗО: Нема докази за поголема преносливост на омикрон варијантата на ковид-19

од Milan1

Во моментов нема докази за преносливоста или сериозноста на омикрон варијантата на коронавирусот, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО).

– Се уште не е јасно дали омикрон е попренослив во споредба со другите варијанти, вклучително и делта, изјавија од СЗО.

Тие објавија дека зголемениот број на позитивни во Јужна Африка, каде што за прв пат беше пријавена новата варијанта, не мора да значи поголема преносливост или сериозност на оваа варијанта.

„Во моментов, нема информации што сугерираат дека симптомите поврзани со омикрон се различни од оние на другите варијанти“, додаде СЗО.

Тие предупредија дека луѓето кои претходно имале ковид-19 може полесно да се заразат повторно со омикрон во споредба со другите варијанти на загриженост.

Слични содржини