СЗО: Неприфатливо бавно темпо на вакцинација во Европа, ситуацијата е загрижувачка

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја критикуваше „неприфатливата“ забавеност на вакцинацијата против коронавирус во Европа, која со месеци се соочува со многу загрижувачка епидемиолошка состојба.

„Бавното темпо на вакцинација ја продолжува пандемијата“, изјави европскиот огранок на СЗО, посочувајќи дека бројот на нови случаи во Европа нагло се зголеми во последните пет недели.

Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге рече дека „вакцините се најдобриот начин за излез од пандемијата“. „Не само што работат, туку се и многу ефикасни во ограничувањето на инфекциите. Сепак, примената на овие вакцини е неприфатливо бавна “, се вели во изјавата на Клуге.

„Да бидеме јасни: треба да го забрзаме процесот со зголемување на производството, намалување на бариерите за испорака на вакцини и користење на која било доза што ја имаме на залиха“, рече Клуге.

Клуге предупреди и дека ситуацијата во регионот е многу загрижувачка во последните неколку месеци.

Во европскиот регион на СЗО, кој вклучува педесетина земји, вклучително и Русија и неколку земји од Централна Азија, бројот на смртни случаи минатата недела надмина 24 000 и „рапидно“ се приближува до еден милион, според таа организација.

Бројот на новоинфицирани достигна 1,6 милиони на неделно ниво, додека тој беше под еден милион пред само пет недели, според СЗО.

Слични содржини