СЗО ОБЈАВИ ЦРН БИЛАНС: Колку луѓе се заразиле во последните 24 часа на светско ниво?

од Nikola Popovski

Повеќе од 433 000 случаи на коронавирус се регистрирани во претходните 24 часа во светот, со што бројот на пациенти се искачил на 117,33 милиони, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, бројот на смртни случаи се зголемил за повеќе од 7.400 во претходните 24 часа, па повеќе од 2,6 милиони пациенти починале, јави ТАС С.

Северна и Јужна Америка имаат најмногу нови регистрирани случаи со корона, повеќе од 43 проценти во светот (187.841), следени од Европа (172.812) и на крај Источниот Медитеран (35.772).

Слични содржини