СЗО: Од вкупниот број на заболени со корона, 14% се медицински лица

од Stefanija Kuzmanovska

Од вкупниот број на заболени со коронавирус во светот, здравствените работници сочинуваат дури 14 проценти, објави Светската здравствена организација (СЗО) во понеделникот.

Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус, ја истакна и пофали работата на здравствените работници ширум светот на брифингот во Женева.

„Пандемијата нè потсети сите на херојското дело на здравствените работници, кои секојдневно се борат против пандемијата. Има само три проценти од нив во светот, а тие сочинуваат 14 проценти од заболените од вкупното население“, рече Тедрос, објави ТАС С.

Според веб-страницата „Worldometers“, повеќе од 73 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус.

Бројот на мртви надмина 1,6 милиони, а бројот на опоравени расте – 51 милион. Активни се 20.131.031 случај или 99,5 проценти, а 106.299 лица или 0,5 проценти се во сериозна состојба.

Слични содржини