СЗО: Одлуката за трета доза на вакцина против коронавирус засега не е оправдана

од Nikola Popovski

Употребата на дополнителни дози на вакцини против коронавирус кај целата популација засега не е оправдана, оценија во понеделникот експерти од Светската здравствена организација (СЗО) и Американската агенција за лекови (ФДА).

„Вакцините, кои се достапни во ограничени количини, ќе спасат најмногу животи ако се дадат на луѓе кои се изложени на висок ризик од тешка форма на Ковид-19 и кои се уште не се вакцинирани. Тековните податоци не ја покажуваат потребата од повторно вакцинирање на целата популација, каде ефективноста против тешките форми е се уште висока “, напишаа меѓународни експерти во британското медицинско списание „The Lancet“, а тимот вклучува експерти од СЗО и ФДУ и неколку истражувачки организации од целиот свет.

Можноста за дополнителна, обично трета доза за целата популација е предмет на жестока дебата.

Во земји како Франција, започна третата доза дополнителна вакцинација за некои категории на население, најстарите(шест месеци по вакцинацијата) и луѓето со ослабен имунитет.

Овие земји го оправдуваат ова со падот на ефикасноста наспроти делта-сојот, и се чини дека овој пад се интензивира со текот на времето.

Некои отидоа подалеку. Во Израел, третата доза е достапна за секој на возраст над 12 години, пет месеци по вакцинацијата. САД започнуваат дополнителна кампања за вакцинација на 20 септември, почнувајќи од најстарите граѓани.

Но, СЗО постојано го отфрла принципот на дополнителна доза за целото население и верува дека мерката не е научно заснована и ја нагласува нееднаквоста со сиромашните земји.

Експертите чија статија беше објавена во „Лансет“ веруваат дека, дури и ако нивото на антитела се намали со текот на времето кај вакцинираните луѓе, тоа не значи дека вакцините се помалку ефикасни против тешките форми на болеста.

Слични содржини