СЗО: Опасноста од КОВИД-19 не е помината

од Vladimir Zorba

Опасноста сè уште не е помината, заштитни маски мора да се носат на сите јавни места. На овој начин, Светската здравствена организација ја смени својата официјална позиција, за која се залагаше со месеци.

Агенцијата на ОН соопшти дека носењето маски всушност помогнало да се спречи ширењето на коронавирусот. Досега, СЗО тврдеше дека нема докази за придобивките од широко распространетата употреба на заштитна опрема.

Во нивните нови упатства, организацијата вели дека ги разгледувала истражувањата направени во последните неколку недели. Веќе се препорачува на владите ширум светот граѓаните да носат маски во јавноста.

„Маските создаваат погрешно чувство на сигурност што предизвикува луѓето да ги игнорираат другите мерки, како што се миење на рацете и одржување на растојанието на јавно место. Не можам да кажам појасно од тоа – маската само нема да ве заштити од КОВИД-19. Тоа е само дел од сеопфатен пристап во борбата против инфекцијата. Главните работи остануваат откривање на случаи, изолација, тестирање на лица со контакти и следење на секој од нив“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус.

Слични содржини