СЗО: Пандемијата сè уште може да биде ставена под контрола

од Stefanija Kuzmanovska

„Постојат бројни примери низ целиот свет кои покажаа дека иако епидемијата е многу интензивна, таа сепак може да се стави под контрола“, им рече на новинарите генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гребересус.

Шефот на Светската здравствена организација денеска рече дека сè уште е можно да се доведе под контрола епидемијата Ковид-19, иако бројот на заразени случаи има повеќе од двојно во последните шест недели.

„Постојат бројни примери низ целиот свет кои покажаа дека иако епидемијата е многу интензивна, таа сепак може да се стави под контрола“, им рече на новинарите генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гребересус, наведувајќи ги како пример Шпанија, Италија и Јужна Кореја.

„Само агресивното дејствување заедно со националното единство и светската солидарност може да го променат патот на пандемијата“, рече тој.

Тој ја повтори важноста за откривање на заразените, трасирање на контактите за изолирање на болните со цел да се прекине ланецот на пренесување на инфекцијата.

Во случај на понови појавувања на случаи на инфекција, неопходно е да се „дејствува брзо“, рече Марија Фан Керхов, службеник на СЗО, задолжена за прашањето Ковид-19.

 

Слични содржини