СЗО ѝ порачува на Европа: Ставајте ги контактите во изолација

од Stefanija Kuzmanovska

Среде вториот бран на пандемијата на коронавирус и наглиот пораст на бројот на заразени во Европа и САД, шефот на службата за итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан им порача на властите: „ставете ги контактите во изолација“.

„Ако имав право на една желба, со цел да подобриме само една работа што навистина можеме да ја поправиме и да ја смениме ситуацијата, тоа ќе биде да се осигура дека секој поединец кој бил во контакт со потврден случај на Ковид-19 да е во карантин за потребниот период, со цел да го скршиме ланецот за пренос“, рече Мајкл Рајан на прес-конференција во Женева.

„Мислам дека тоане се правеше, ниту дека се правело на систематски начин“ и тоа е „една од главните причини што гледаме толку високи бројки“, рече тој.

Пребарувањето контакти во многу европски земји стана тешко и бројот на нови случаи на Ковид-19 буквално експлодираше на Стариот континент во последните две недели.

„Околу половина од земјите во Европскиот регион на СЗО минатата недела забележаа 50 проценти зголемување на бројот на инфекции“, рече тој.

Неговата колешка Марија Ван Керхове е изненадена што концептот за епидемиски жаришта, кои се создаваат со собири каде не се земени во предвид мерките, „не влегува во мозокот“.

„Знам дека на луѓето им е доста, но овој вирус покажа дека може повторно да се појави со голема брзина и да им се заканува на болниците и здравствениот систем ако не обрнеме внимание на мерките“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

На светско ниво, бројот на заразени со коронавирус надмина 40 милиони, а бројот на смртни случаи е 1,1 милион.

 

Слични содржини