СЗО: Пораст на заразени ширум светот

од Vladimir Zorba

Во некои земји, има зголемување на бројот на случаи на коронавирус по ублажувањето на мерките, што укажува дека пандемијата не е завршена, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) во петокот.

„Видовме пораст на бројот на случаи низ целиот свет, не само во Европа. Кога се олеснети мерките, се олеснува социјалното дистанцирање, луѓето мислат дека е готово“, рече портпаролот на СЗО, Маргарет Харис на брифинг во Женева, објави Ројтерс.

Таа предупреди дека не е готово и дека нема да заврши, сè додека вирусот не се искорени секаде во светот.

Харис додаде дека демонстрантите во САД исто така мора да преземат мерки на претпазливост.

Претставникот на СЗО, Мајк Рајан претходно предупреди дека првиот бран на пандемијата на коронавирусот сè уште е во тек и е во фаза кога болеста се развива, така што не треба да се брза кон олеснување на рестриктивните мерки.

Тој рече дека бројот на страдалници е во пораст во Јужна Америка, Јужна Азија и другите делови на светот.

„Ситуацијата може да се промени во кое било време“, предупреди претставник на СЗО.

Слични содржини