СЗО: Потврден прв случај на екстремно смртоносен вирус

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација соопшти дека здравствените власти во Гвинеја го потврдиле првиот случај на екстремно смртоносниот вирус Марбург, сличен на ебола.

Според СЗО, ова е прв случај на марбуршка вирусна хеморагична треска во Западна Африка, пациентот бил лекуван во локалната болница кога неговата состојба одеднаш се влошила, по што починал.

Во моментов се работи на пронаоѓање на неговите контакти во делот на земјата кон границата со Либерија и Брегот на Слоновата Коска со цел да се запре ширењето на вирусот, пренесува „Гардијан“.

„Вирусот Марбург има голем потенцијал за ширење, што значи дека мора да го запреме што е можно поскоро“, рече регионалниот директор на СЗО за Африка, Мацисидо Моети.

Првиот случај во Гвинеја беше потврден минатата недела, само два месеца откако земјата прогласи крај на епидемијата на ебола, која годинава усмрти 12 лица.

Слични содржини