СЗО: Повеќе од 216,000 луѓе се заразија за 24 часа

од Vladimir Zorba

Во претходните 24 часа во светот се регистрирани повеќе од 216.000 случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 19,93 милиони, објави денес Светската здравствена организација.

До денес се регистрирани 732.499 смртни случаи, а денес загинаа 4.268 лица, пренесува ТАСС.

Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци објавени од земји.

Најголем број заразени лица сè уште има во Јужна и Северна Америка – 10,6 милиони. Во последните 24 часа регистрирани се 106.903 нови случаи, а 2,277 починати.

Вкупниот број на жртви во овој дел на светот е 390.850.

Во Европа, 3,6 милиони биле заразени, а 217.000 починале.

Во Југоисточна Азија се регистрирани скоро 2,7 милиони пациенти и над 54,000 жртви.

Слични содржини