СЗО: Пред коронавирусот, 70 отсто од смртоносните болести не беа заразни

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, 70% од болестите што ги убија повеќето луѓе во светот во 2019 година беа незаразни, а тоа беа пред се срцеви заболувања, пренесува Танјуг.

Тоа е скоро двојно повеќе од 2000 година, кога само четири незаразни болести беа меѓу 10-те најсмртоносни болести, посочува агенцијата на ООН, која го опфаќа периодот од 2000 до 2019 година.

Таквиот поредок во 2020 година може да биде нарушен од пандемијата Ковид-19 што избувна во Кина пред една година и во која, според официјалните податоци, досега починале повеќе од 1,5 милиони луѓе, а стотици милиони се заразени, објави порталот „Индекс“.

Што се однесува до човечките животи, овие податоци губат сила во споредба со смртноста предизвикана од срцеви заболувања минатата година, при што загинаа девет милиони луѓе. Во 2000 година, седум милиони луѓе починаа од срцеви заболувања и сега тие заземаат 16% од сите смртни случаи, соопшти СЗО, додавајќи дека состојбата во Европа се подобрува во поширока смисла (15% помалку смртни случаи во истиот период) но затоа само во областа на западниот Пацифик имаше повеќе од половина од дополнителните два милиони мртви.

Овие податоци јасно укажуваат на потребата од засилување на напорите за спречување и лекување на болести на срцето и крвните садови, рак, дијабетес и хронични респираторни заболувања, посочува СЗО.

– Квалитетниот систем на примарна здравствена заштита е темел на кој почива сè, од борба против заразни болести до управување со пандемија – заклучи директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.

Слични содржини