СЗО: Пред третата доза, прво вакцинирајте ги сиромашните со првата

од Nikola Popovski

Земјите што нарачуваат вакцини за да ѝ ја дадат третата доза на вакцина на веќе вакцинираната популација не треба да го прават тоа се додека имаме земји во кои граѓаните не ја примиле првата доза на вакцината, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека смртноста од Ковид-19 повторно се зголемува, дека делта станува доминантен и дека многу земји сè уште не добиле доволно дози на вакцини за да ги заштитат своите здравствени работници.

Тедрос потсети дека опасниот сој, многу заразна варијанта што прв пат беше откриена во Индија, сега се шири во 104 земји.

„Глобалниот јаз во снабдувањето со вакцини е исклучително голем, снабдувањето е нерамномерно и нефер. Некои земји и региони нарачуваат милиони вакцини за да ја дадат третата доза, додека некои земји не успеаја да ги вакцинираат ниту своите здравствени работници ниту најранливите групи на население“, предупреди Тедрос.

Тој ги спомена компаниите Фајзер и Модерна како оние чија цел е да продаваат вакцини за администрација на дополнителни, трети дози во земјите каде што веќе се вакцинирани голем број граѓани.

Тедрос посочи дека наместо тоа, овие компании треба да ги пренасочуваат вакцините кон програмата Ковакс на СЗО, која (бесплатно) доставува вакцини во посиромашните земји.

Слични содржини