СЗО предупреди на зголемување на бројот на заболени од коронавирус во Европа

од Stefanija Kuzmanovska

Во Европа, бројот на лица заразени со коронавирус започна да се зголемува минатата недела по десет недели пад на инфекцијата, објави денеска Европскиот оддел на Светската здравствена организација (СЗО) и предупреди на опасност од нов бран епидемии.

„Ќе има нов бран во европскиот регион, освен ако не бидеме дисциплинирани“, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Според СЗО, минатата недела бројот на заразени во Европа скокна за десет проценти поради патувања, собири и укинување на некои мерки против епидемијата на коронавирус.

„Таквата состојба се случува додека се шири нов, загрижувачки делта сој на вирусот. И покрај напорите на државите, неколку милиони луѓе сè уште не се вакцинирани“, рече Клуге.

Слични содржини