СЗО предупредува: Една група не смее да ја прими вакцината Модерна

од Nikola Popovski

Советничката група експерти за имунизација на Светската здравствена организација (САГЕ) издаде низа препораки за вакцината Модерна во вторникот, советувајќи бремените жени да не ја примаат вакцината освен ако не се здравствени работници или се изложени на висок ризик од инфекција со коронавирус.

„И покрај тоа што бременоста ги става жените во поголем ризик од сериозниот Ковид-19, во моментов не се препорачува употреба на оваа вакцина кај бремени жени“, соопштија од САГЕ.

Директорката за имунизација на СЗО, Кејт Обрајан изјави дека се потребни клинички испитувања на вакцината „Модерна“ на бремени жени.

Во извештајот, исто така, се нагласува дека вакцината треба да се прима одвоено 28 дена помеѓу секоја доза, со можност да се продолжи тој интервал на 42 дена доколку е потребно.

Извештајот на САГЕ исто така ја нагласува потребата вакцината да се применува во простории каде што третманите за алергиски реакции се лесно достапни.

Слични содржини