Актуелно
Почетна / Препорачани / СЗО предупредува: Во овие ситуации коронавирусот се шири преку воздухот

СЗО предупредува: Во овие ситуации коронавирусот се шири преку воздухот

Светската здравствена организација соопшти денес дека преносот на коронавирус преку воздухот може да се случи за време на медицинските постапки, кога се ослободуваат аеросолите.

Агенцијата наведе дека некои извештаи за пандемијата, кои се однесуваат на пренатрупаните затворени простори, покажале дека постои можност за пренесување на аеросоли, во комбинација со пренесување на капките, во случаи како што се хорски проби, во ресторани или фитнес часови, пренесува „Ројтерс“.

Аеросолите се цврсти честички или мали течни капки формирани од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити материи, кои можат да се најдат во атмосферскиот воздух.

Светската здравствена организација во вторникот призна дека има докази за пренесување на Ковид-19 по воздушен пат, бидејќи 239 меѓународни научници укажале на таква можност.

Стотици научници тврдат дека постојат докази дека мали честички на новиот коронавирус во воздухот можат да заразат луѓе и ја повикуваат Светската здравствена организација да ги ревидира препораките.

Ставот на СЗО досега беше дека вирусот се пренесува преку капки.

loading...