СЗО: Проблеми во фабриката за полнење на Спутник V

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека со проверката на производството на руската вакцина се откриени некои проблеми во една фабрика за производство, која е одговорна за полнење на одреден број шишиња со вакцината против коронавирус Спутник V.

Загриженоста се однесува на фабриката „Farmstandard-UfaVITA“, едно од четирите проверени места за производство и полнење на Спутник V, наведува СЗО во својот прелиминарен извештај, објави „Ројтерс“.

Прашањата не се однесуваат на безбедноста или ефикасноста на вакцината Спутник V, се вели во соопштението на „Farmstandard-UfaVITA“.

Во фабриката се полнат само шишиња.

Според прелиминарниот извештај за анализата на руската вакцина, СЗО е загрижен за интегритетот на податоците и резултатите од тестовите неопходни за контрола на квалитетот.

Загриженоста за линиите за полнење последователно беше целосно решена, соопшти компанијата.

Слични содржини