СЗО: Прв голем пад на новозаразени во изминатите два месеци

од Nikola Popovski

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека минатата недела се регистрирани околу четири милиони случаи на коронавирус на глобално ниво, што е прв значителен пад по повеќе од два месеци, пренесува АП.

Во претходните неколку недели, во просек имаше околу 4,4 милиони нови случаи на корона во светот.

Во ажурираниот ковид-пресек од вторникот, здравствената агенција при Обединетите нации наведе дека секој регион во светот доживеал пад на бројот на нови случаи, во споредба со минатата недела.

Бројот на смртни случаи падна за околу 62.000, додека најголемиот пад беше забележан во Југоисточна Азија, но имаше забележителен пораст на смртните случаи за седум проценти во Африка.

Најголем број случаи се забележани во САД, Велика Британија, Индија, Иран и Турција, а високо заразниот вид на делта сега е присутен во 180 земји низ целиот свет.

СЗО додаде дека децата и тинејџерите се се помалку погодени од ковид, во споредба со возрасните, додавајќи дека бројот на починати лица помлади од 24 години е помал од 0,5 проценти од сите смртни случаи во светот.

Слични содржини