СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте во напредните фази на тестирање

од Vladimir Zorba

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте за кои смета дека се во напредни фази на тестирање.

СЗО и партнерите класифицираа девет експериментални вакцини против КОВИД-19 во програма за инвестиции што ги охрабрува земјите да се приклучат, а проектот е познат како „Covax“. Иницијативата им овозможува на земјите да инвестираат во неколку вакцини за да добијат ран пристап и теоретски обезбедува средства за земјите во развој, објави АП.

„Во моментов, немаме доволно информации за да донесеме одлука за руската вакцина“, рече д-р. Брус Ајлорд, виш советник на генералниот директор на СЗО.

„Во моментов сме во разговори со Русија за да добиеме дополнителни информации за да го разбереме статусот на тој производ, спроведените тестови и потоа кои се следните чекори“, рече тој.

Претседателот Владимир Путин оваа недела објави дека Русија ја одобри вакцината против коронавирус и тврди дека ги штити луѓето до две години.

Слични содржини