СЗО СО НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Вирусот мора да биде нападнат со сите расположиви средства

од Vladimir Zorba

Земјите кои не ги користат сите расположиви механизми во борбата против коронавирусот, ќе се мачат да го совладаат, предупреди денес СЗО.

– Некои земји пристапија фрагментирано во борбата против пандемијата, а тие земји имаат долг и трнлив пат пред нив – предупреди првиот човек на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, без да прецизира за кои земји мисли.

Само државите кои имаат систем способен да иницираат сеопфатен пристап во борбата против коронавирусот, ќе можат да ја спречат епидемијата и да избегнат ново воведување вонредна состојба. истакна Тедрос Аданом.

Во врска со неодамнешните вести за новиот вирус кој се пренесува од свињи на луѓето и има пандемски потенцијали, експертот за итни случаи на СЗО, Мајк Рајан изјави дека е важно луѓето да не се загрижени, затоа што „не станува збор за нов вирус, туку контролиран вирус“.

Слични содржини