СЗО: Сосема е реално да се појави нов вид на ковид отпорен на сите вакцини

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди на реалната можност за нов, многу поопасен вид на коронавирус, кој ќе биде отпорен на сегашните вакцини.

Тој посочи дека Светската здравствена организација е загрижена за негативните трендови во некои региони и истакна дека бројот на смртни случаи поради ковид се зголемува во Африка и во Западен Пацифик.

„Сè уште е рано да се прогласи крај на пандемијата“, рече Гебрејесус, додавајќи дека во моментов е многу тешко да се предвиди како ќе се менува вирусот.

До 3 јуни, СЗО официјално регистрираше повеќе од 528 милиони случаи на коронавирус и речиси 6,3 милиони смртни случаи ширум светот, а во петокот беа официјално пријавени уште 486.278 нови инфекции и 1.380 смртни случаи.

Слични содржини