СЗО: Стапката на пренесување на инфекцијата во Европа расте

од Vladimir Zorba

Стапката на пренесување на инфекцијата Ковид 19 и хоспитализацијата расте во Европа, изјави директорот на Светската здравствена организација за итни ситуации, Мајкл Рајан.

Тој рече дека властите во Европа мора да го запрат ширењето на епидемијата на вирусот пред сезоната на грип.

„Европа треба многу да стори за да ја стабилизира ситуацијата и да го стави под контрола пренесувањето на вирусот“, рече Рајан, кој по професија е лекар.

Рајан предупреди дека на голем дел од континентот се регистрира загрижувачко зголемување на бројот на заразени лица.

Епидемиологот на СЗО, Марија ван Керков, потсети дека е само крајот на септември и дека сезоната на грип сè уште не е започната и дека организацијата е загрижена за можноста трендот да продолжи во погрешна насока.

Таа истакна дека раната хоспитализација и употребата на стероидот дексаметазон спасиле животи.

„Ние сакаме да избегнеме затворање на државно ниво, како што беше случај на почетокот“, додаде Ван Керкова.

Слични содржини