СЗО: Стапката на смртност поврзана со ковид намалена за 90 отсто во однос на февруари

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека стапката на смртност поврзана со ковид е намалена за 90 отсто во споредба со февруари.

Гебрејесус одржа онлајн состанок во седиштето на СЗО во врска со пандемијата на ковид-19.

Тој потсети дека во светот во февруари се регистрирани 75.000 смртни случаи поврзани со ковид, а оваа бројка минатата недела била за 90 отсто помала и изнесувала 9.400.

„Поминавме долг пат и ова секако е причина за оптимизам. Но, ги повикуваме сите влади, заедници и поединци да бидат внимателни“, рече тој.

Директорот на СЗО рече и дека и покрај тоа што може да се спречи ковид и има терапија, бројката од просечно 10.000 смртни случаи неделно е сè уште многу висока.

Гебрејесус додаде дека сè уште има многу висока разлика во процентот на вакцинирани луѓе во развиените и неразвиените земји и предупреди дека новите варијанти на ковид продолжуваат брзо да се шират, поради што е потребна претпазливост.

Слични содржини