СЗО стравува од вториот бран на коронавирусот: Потребно е да се задржат мерките за вирусот да не се врати

од Nikola Popovski

Земјите каде што инфекцијата со коронавирус се намалува, може да се соочат со итен втор бран, доколку прерано се откажат од мерките за справување со епидемијата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Светот се уште е во центарот на првиот бран на епидемијата на коронавирусот, рече директорот на програмата за итни ситуации во СЗО, Мајкл Рајан, на прес-конференција во Женева, истакнувајќи дека иако бројот на случаи се намалува во многу земји, тој се зголемува во Централна и Јужна Америка. Азија и Африка.

Рајан истакнал дека епидемиите честопати доаѓаат во бранови, што исто така значи дека епидемијата би можела да се вратат подоцна оваа година на места каде што стивнува првиот бран.

„Не може да се водиме по претпоставки дека ако бројките сега одат надолу, ќе продолжат да одат надолу и ќе имаме неколку месеци да се подготвиме за вториот бран. Можно е да има втор пик во првиот бран“, предупреди д-р Рајан.

Ваквото остро предупредување следи откако земјите ширум светот почнаа со постепено ублажување и укинување на рестриктивните мерки, дозволувајќи отворање на продавници и групирање на луѓе.

Експертите велат дека без вакцина што ќе им даде имунитет на луѓето, можно е пак да порасне бројот на заразени откако ќе се олабават мерките за задолжително социјално дистанцирање.

Д-р Рајан вели дека земјите во кои има пад на бројот на новозаразени, треба да го искористат овој период за да смислат ефикасни режими за следење на контактите и тетсирање за да се осигураат дека ќе продолжи надолната траекторија и нема веднаш да се случи втор пик.

Слични содржини