СЗО: Вакцината може суштински да го промени текот на пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska

Вакцината против Ковид-19 може да им биде достапна на најранливите категории луѓе до март 2021 година и суштински да го смени текот на пандемијата, изјави висок претставник на Светската здравствена организација (СЗО) денес, откако две фармаколошки компании објавија дека нивната вакцина има 90 проценти ефикасност во спречување на инфекцијаta, пренесува Ројтерс.

Брус Ајлвард на годишниот министерски состанок на СЗО рече дека привремените резултати од последната фаза на тестот за вакцинa na „Фајзер“ се „многу позитивни“.

„Има уште многу работа, ова се само привремени резултати, но многу позитивни резултати што дојдоа денес, кои, се надевам, може да бидат многу ветувачки за целиот свет“, рече Ејлвард, наведувајќи дека резултатите од тестот за вакцини на глобално ниво до март следната година „можевме да имаме можност суштински да ја смениме насоката и динамиката на оваа криза“.

Експерименталната вакцина за коронавирус од американскиот фармаколошки гигант „Фајзер“ и германскиот „БајоНТех“ има 90 проценти ефект во спречување на Ковид-19, објавија двете компании во понеделникот, што може да биде голема пресвртница во одбраната од пандемијатакоја зарази повеќе од 50 милиони луѓе и придонесе за смртта на 1,2 милиони.

Лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, ја поздрави „охрабрувачката вест за вакцината“ на Твитер.

„Фајзер“ и „БајоНТех“ сакаат да аплицираат за итно одобрување вакцина во САД, што е под јурисдикција на американската Администрација за храна и лекови (FDA), веројатно до крајот на ноември, што значи дека одлуката може да биде донесена во декември.

Се предвидува дека двете компании може да испорачаат до 50 милиони дози на вакцина до крајот на годината, и до 1,3 милијарди дози во 2021 година.

Претходно денес, Русите исто така ја пофалија ефикасноста на нивната вакцина, се вели во изјавата на висок функционер на научниот институт.

Руската вакцина Спутник V е ефикасна повеќе од 90 проценти, рече директорот на истражувачкиот институт при руското Министерство за здравство, осврнувајќи се на податоците собрани за вакцинирани граѓани, а не од испитувањето на вакцината што сè уште трае.

„Ние сме одговорни за следење на влијанието на вакцината Спутник V кај граѓаните кои ја примиле како дел од програмата за масовна вакцинација“, рече Оксана Драпкина од Рускиот институт.

Службеникот на СЗО, Брус Ајлвард е оптимист во врска со вкупните шанси за борба против пандемијата, но предупреди дека „акутниот јаз во финансирањето“ од 4,5 милијарди долари може да ја забави достапноста на тестови, лекови и вакцини во земјите со низок и среден приход, според Ројтерс.

Слични содржини