СЗО: Видот на корона од Велика Британија присутен во 60 земји

од Stefanija Kuzmanovska

Видот на коронавирусот кој е забележан за првпат во Велика Британија продолжува да се шири и во текот на минатата недела беше присутен во 60 земји и територии, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Тоа е за 10 земји повеќе отколку на 12 јануари, според СЗО во својот неделен епидемиолошки преглед.

Видот на коронзвирусот од Јужна Африка, кој, како и британскиот, е позаразен од оригиналниот САРС-КоВ-2, се шири побавно. Присутен е во 23 земји и територии, три повеќе отколку на 12 јануари.

СЗО денес објави и дека го следи ширењето на уште две варијанти на вирусот кои се појавиле во Бразил, а потоа беа регистрирани во Јапонија кај четворица патници од Бразил.

Слични содржини