СЗО: Во Африка повеќе луѓе починаа од корона отколку од ебола

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе луѓе во Африка починале од коронавирусот отколку во најлошата фаза на епидемијата на ебола, која траела од 2014 до 2016 година, објави денес Светската здравствена организација.

Како што беше истакнато, во последните пет месеци Ковид-19 зеде 11.959 животи, додека 11,308 луѓе загинаа во најлошата фаза на епидемијата на ебола меѓу 2014 и 2016 година, јавува Си-Ен-Ен.

„Во повеќе од една третина од земјите во Африка, бројот на заразени лица се зголеми двојно во изминатиот месец, а заканата за кревките здравствени системи на континентот во моментот ескалира“, рече директорот на СЗО за Африка, Матшидисо Моети.

Тој исто така изјави дека во некои африкански земји има драстично зголемување на бројот на заразени лица, додека во други има мало подобрување.

Слични содржини