СЗО ЗАГРИЖЕНА: Бројот на заразени расте деветта недела по ред!

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на случаи на инфекција со ковид 19 ширум светот се зголемува деветта недела по ред, додека бројот на смртни случаи е поголем веќе шеста недела по ред, рече Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО) на информативната седница за земјите-членки.

Повеќе случаи на ковид 19 се пријавени ширум светот во последните две недели отколку во првите шест месеци од пандемијата. Во последните неколку недели, земјите во сите региони на СЗО покажаа постојан нагорен тренд на бројот на случаи на инфекција и смртност. Не е време да се спушти гардот, дури и во земјите каде што бројките паѓаат, додаде тој, пренесува „Гласот на Америка“.

Од почетокот на пандемијата, повеќе од 3,2 милиони луѓе починале од ковид 19, според Универзитетот Џон Хопкинс. Најголем број на смртни случаи има во Соединетите држави – повеќе од 580.000. Бразил брзо ѝ се приближува на Америка со скоро 417.000 смртни случаи, следен од Индија со 230.000 смртни случаи.

Според институтот Џон Хопкинс, досега се регистрирани 155,6 милиони инфекции во светот. Соединетите држави се први на таа листа со 32,6 милиони заразени, Индија е втора со 21 милион, а Бразил е трет со 15 милиони.

Слични содржини