СЗО: Зголемен бројот на смртни случаи од КОВИД 19

од Vladimir Zorba

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на смртни случаи од коронавирус скокнал за 21% ширум светот минатата недела.

Повеќето од 69.000 смртни случаи се пријавени во САД и Југоисточна Азија, пренесе Фена.

СЗО наведе дека случаите на инфекција со КОВИД 19 се зголемени за осум проценти ширум светот и дека сега има скоро 194 милиони заразени, пренесува АП.

Оттаму предупредуваат дека „ако продолжат овие трендови, кумулативниот број на глобално пријавени случаи на инфекција може да надмине 200 милиони во следните две недели“.

Бројот на загинати од КОВИД 19 се зголеми во сите региони, освен во Европа.

Најголем број случаи се забележани во САД, Бразил, Индонезија, Велика Британија и Индија.

Слични содржини