СЗПМ: Пензионерите да го користат автобускиот превоз само кога е неопходно

од Vladimir Zorba

Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија (СЗПМ) денеска испрати апел до пензионерите доследно да ги почитуваат мерките за носење на маски и одржување на социјална, односно физичка дистанца.

Автобускиот превоз, како што посочува Сојузот, пензионерите да го користат само во случаи кога тоа е неопходно потребно.

-Исто така, се упатува апел и до сите приватни и државни субјекти: банки, пошти, маркети… предност да се дава на пензиoнерите бидејќи тие се ризична целна група каде степенот на превенцијата треба да биде на повисоко ниво, се наведува во соопштението на СЗПМ.

Слични содржини