Тајани: Вучиќ и Владата ќе придонесат за стабилноста на Балканот и на цела Европа

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека Италија сака да биде поприсутна во Србија и на Балканот, коj според него имаат стратешко значење.

„Почнавме со голема балканска земја која е кандидат за членство во ЕУ. Ова е политичката определба за која работеше Италија, повторно да биде присутна во Србија и во сите делови на Балканот. Сакаме во иднина да соработуваме со луѓето со кои соработувавме во минатото“, рече Тајани на отворањето на италијанско-српскиот бизнис и научен форум.

Воедно, тој им се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на Владата на Србија за се што прават за да го вратат мирот на Балканот.

„Верувам дека Вучиќ и Владата ќе придонесат за развој на соработката меѓу двете земји и ќе изградат важен пат за стабилноста на Балканот и на цела Европа“, рече Тајани.

Слични содржини