Тајланд: Смртоносна експлозија во полициски комплекс

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку едно лице загина денеска во експлозија на бомба во полициски комплекс на југот на Тајланд, изјави полицискиот потполковник Нити Суксан, заменик полициски комесар во провинцијата Наративат.

Властите соопштија дека во експлозијата се повредени 29 лица и предупредија дека очекуваат бројот на жртвите да биде поголем, пренесува „Ројтерс“.

„Тоа беше автомобил-бомба. Сè уште ја чистиме областа и бројот на повредени може да се зголеми“, рече Суксан, додавајќи дека меѓу загинатите е еден полицаец.

Најмалку 29 лица се згрижени во болницата поради повреди, меѓу кои и полицајци и цивили, соопшти локалната болница.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Слични содржини