Тајсон обвинет за силување, би можел повторно да оди во затвор

од Vladimir Zorba

Боксерската легенда Мајк Тајсон помина три години во затвор поради силување на Дезире Вашингтон, а сега е обвинет за уште едно силување на почетокот на 1990-тите.

Девојката која го пријавила сакала да остане анонимна, но истрагата е покрената и легендарниот спортист би можел повторно да заврши зад решетки.

Таа во својата изјава истакнала дека немилиот настан се случил во Олбени, Њујорк, а Тајсон ја силувал во лимузина откако се сретнале во ноќен клуб.

Девојката, која засега е непозната за јавноста, поради овој случај би можела да добие и до пет милиони долари, а вели дека се здобила со физички, психички и емоционални повреди години по случајот.

Во првата изјава не се наведува точниот датум на нападот, но времето се совпаѓа со годините во кои Тајсон ја силувал Дезире Вашингтон.

„Неколку пати му реков не и го замолив да престане, но тој продолжи да ме напаѓа. Потоа ми ги соблече панталоните и ме силуваше“, рекла жената, пренесува англиски „Дејли мејл“.

Заради нејзината безбедност, девојката се уште не сака нејзиното име да се споменува во јавноста.

Адвокатот Дарен Сајлбек истакна дека тој самиот на почетокот не и верувал на жената, но ги истражил нејзините наводи и открил дека се многу веродостојни.

Пораката е испратена и до агенцијата која го застапува Тајсон, па се очекува одговор во следните неколку дена.

Во 1992 година, Тајсон беше осуден на шест години затвор и четири години условна затворска казна за силувањето на Дезире Вашингтон, тогаш 18-годишна натпреварувачка на изборот за убавина Мис Црна Америка.

Тој беше ослободен од затвор во 1995 година, откако казната му беше намалена на три години. И покрај тоа што беше зад решетки, кариерата на Тајсон не беше завршена и тој ја врати титулата во тешка категорија по неговото ослободување. Се бореше до 2005 година кога одлучи дека е време да се пензионира.

Слични содржини