Тајван пријави нови кинески авиони во зоната на воздушна одбрана

од Stefanija Kuzmanovska

Тајван денеска пријави приближување на 29 борбени авиони на Народноослободителната војска на Кина во островскиот регион за 24 часа, соопшти министерството за одбрана во Тајпеј.

Според соопштението на веб-страницата на министерството, околу Тајван до шест часот наутро биле регистрирани 29 авиони и четири пловила на кинеската армија, пренесува ТАСС.

Во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на островот влегле 21 борбен авион, а кинеската војска користела ловци Ј-16 и Ј-10, додаде тамошното министерство за одбрана.

Слични содржини