Тачи бара да се следи примерот на Турција за Рамазан Бајрам

од Vladimir Zorba

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи на денешната прес-конференција изјави дека Македонија треба да го следи примерот на Турција за празникот Рамазан Бајрам.

Во земјата е определено да има четири дена карантин и се препорачува празникот да се помине дома.

-Иако ние како земја не сме дел од високоразвиените земји имора да следиме како се однесуваат развиените западни земји. Од друга страна, како муслимани, ние мора да ги следиме и развиените земји кои имаат муслиманско мнозинство, во овој случај да ја земам Турција како пример. Особено ја следев позицијата на турската влада и нивните препораки за намалување на движењето за време на празникот. Мора да бидеме крајно внимателни, пандемијата не помина, рече Тачи.

Слични содржини