Тачи: Бев шокиран од недостигот на координација меѓу европските лидери и САД во Берлин

од Vladimir Zorba

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека бил шокиран од недостигот на координација меѓу европските лидери и САД на самитот за Западен Балкан во Берлин за планот за дијалогот Белград-Приштина, пренесува државната „Радио и телевизија Косово“ (RTK).

Според неговите зборови, кризите на Балканот и конкретно косовското прашање, не можат да бидат решени без учество на Вашингтон.

Запрашан да ги прокоментира забелешките на поранешниот главен преговарач со Белград од страна на Косово, Едита Тахири, дека идејата за корекција на границите е погребана во Берлин, шефот на државата рече дека „сите кои го коментираат самитот во Берлин, немаат апсолутно никаква информација за тоа она што било дискутирано таму“.

Слични содржини