Тачи: Дијалогот со Вучиќ е неизбежен

од Aleksandar Petrovski

Косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа изјави дека дијалогот со српскиот претседател Александар Вучиќ е неизбежен, бидејќи него го избра српскиот народ.

Како што пренесува Косово онлајн, Тачи во емисијата „ А Шоу“ на приштинската телевизија „Т7“, говорејќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, проговори и за односите со Вучиќ и истакна дека дијалогот со него е неизбежен.

-Него го избра српскиот народ, порача Тачи.

Тој, меѓутоа, оцени дека Србија се однесува непријателски кон Косово, но и додаде дека е потребно повеќе да се гледа во иднината.

Слични содржини