Тачи: Досега ова е најлош предлог, но следниот ќе биде уште полош

од Nikola Popovski

Лидерот на ДПА и пратеник во Собранието, Мендух Тачи смета дека францускиот предлог е „најлош досега што го добила Македонија, но доколку има нареден, тој ќе биде уште полош“.

-Имам 30 годишна политичка кариера. Ќе кажам дека ова е најлошиот предлог до сега, од времето на Киро Глигоров до денес. Наредниот ќе биде уште полош предлог, изјави синоќа Тачи во емисијата „Клик плус“.

Сепак според него, ова не е предлог од Париз, туку предлог на ЕУ.

-Треба компромис за подобра иднина. Со овој договор дефинитивно ставаме крај на влијанието на Русија во Македонија. Ниедна албанска партија нема да коалицира со партиите кои се против овој предлог, рече Тачи.

Слични содржини