Тачи го поздрави потпишувањето на договорот во Белата куќа

од Vladimir Zorba

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, на својот Твитер профил го поздрави денес потпишувањето на економскиот договор меѓу Белград и Приштина.

Тој им се заблагодари на американската администрација, односно претседателот Доналд Трамп и неговиот специјален советник Ричард Гренел, за лидерството во овој процес.

„Косово ќе продолжи да работи на економски развој, работни места и натамошна домашна и меѓународна консолидација“, напиша Тачи на својот профил на Твитер.

Слични содржини