Тачи: Ќе ги затворам казината во градовите во рок од 24 часа

од Берта Китинска

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мнедух Тачи и воедно носител на листата со кандидати за пратеници во ИЕ6 вчера одржа средба со граѓани во тетовска Мала Речица. Тој најави економско зацелување на раните кај граѓаните поради кризата со коронавирусот до крајот на годината и економски развој во наредната година со илјадници работни места.

-Ако народот даде вистинска сила, покрај тоа што ќе се кандидирам за вицепремиер, следната цел е позицијата министер за внатрешни работи. Во името на законот, безмилосно ќе се борам против злото кај Албанците, почнувајќи со тоа што ќе ги затворам казината во градовите во рок од 24 часа. Казина и игри на среќа како што има во Германија, Швајцарија оддалечени од населбите, рече Тачи.

Во текот на вчерашниот ден Мендух Тачи и Орхан Ибрахими – носител на листа во ИЕ2 посетија неколку населени места во Кумановско, соопштија од информативната служба на ДПА.

Слични содржини