Тачи му пиша на Трамп – ќе му додели Орден поради договорот

од Vladimir Zorba

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, испрати писмо до американскиот претседател Доналд Трамп во кое го извести дека ќе му биде доделен медалот „Орден на слободата“ за неговата улога во постигнувањето договор за економско нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

Британската агенција Ројтерс, која наведува дека имала увид во во писмото, посочува дека ова е највисокото одликување што го доделува Приштина.

Агенцијата исто така известува дека советникот на Трамп за национална безбедност Роберт О’Брајан и специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина Ричард Гренел ќе го добијат „Претседателскиот медал за заслуги“.

Во писмото до Трамп, Тачи наведува дека е „длабоко благодарен за неговиот личен придонес“ што посредуваше во постигнувањето договор и го кани Трамп да го посети Косово, пренесува Танјуг.

Слични содржини